ВегеФест - Револуција која почнува во твојата чинија
ЗА ПРАВА НА ЖИВОТНИТЕ!

Драги пријатели, зелената треска повторно напаѓа!

И оваа година со огромна радост го најавуваме ВЕГЕФЕСТ, фестивалот кој го организираме по четврти пат, со цел да го свртиме вниманието кон најобесправените, речиси невидливи битија на овој свет - фармските животни. Секојдневно искористувани, свирепо убивани за храна, мода и профит, лишени од слобода и од можност нормално да живеат според карактеристиките на својот вид, овие сетилни битија во модерното конзумерско општество се сведени на продукти и предмети, безгласни робови на кои им е одземено достоинството, одгледувани и размножувани во ужасни услови, деградирани до болка, со една единствена цел – свирепа непотребна експлоатација. МОЖЕ ДА ЖИВЕЕМЕ И ПОИНАКУ.

Со ВЕГЕФЕСТ се обраќаме на совеста на сите, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да му дадете шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите: животните, луѓето, екосистемот и планетата земја. Нашиот апел до секој еден е да не биде пасивен конзумент и да го бојкотира и осуди насилството врз животните со тоа што ќе ѝ даде шанса на веге исхраната.

Гарантираме :
  • Одлични предавања
  • Превкусна храна
  • Демо готвење
  • Многу забава и дружба
  • Практични вештини
>
„Самo што ручавте, и колку и да е внимателно затскриена кланицата во милостивата далечина на километри од вас, вие сте соучесник.“

— Ralph Waldo Emerson


Програма

*Флаерот со програмата за предавачи може да се превземе од тука
„Да се биде веган е лесно. Дали постојат општествени притисоци кои ве охрабруваат да јадете, носите и користите производи од животинско потекло? Секако дека да. Но во едно патријархално, расистичко, хомофобично и ејблистичко општество, постојат општествени притисоци да се врши и учествува во сексизам, хомофобија и ејблизам. Во даден момент, мора да одлучите кои сте и кои се вашите морални вредности. И откако ќе одлучите дека измачувањето ранливи нечовечки битија е за вас морално неприфатливо, лесно е да се стане и остане веган.“

— Gary L. Francione


Учесници

за да погледнете детали за учесниците кликнете на нивната фотографија

Предавачи и Изведувачи

Излагачи

Зошто ВЕГАН:

Веганството е принцип на ненасилство, почит и уважување на сечиј живот – кој е еден и единствен за секого, сам по себе вреден. Веганството е борба за правата на животните, борба против дискриминирањето и обезвреднувањето што го трпат само затоа што се друг вид. Веганството не признава компромис, грубост над животните, нивно искористување за храна, облека и друга намена. Веган е лице кое не јаде ниту на кој било начин користи производи од животинско потекло. Веганската исхрана е вкусна, здрава и разновидна и се заснова на житарици, мешунки, овошје и зеленчук. Веганите не јадат месо, риба, морски плодови, јајца, млеко, млечни производи, мед ниту, пак, носат работи од крзно, волна, коски, кожа, корали, бисери и какви било други материјали од животинско потекло. Веганството е вистинскиот избор и гаранција за вашето здравје, филозофија на живеење со која се борите против природните загадувања и расипништво на сè подрагоцените природни ресурси во светот (храна, почва и вода) додека во мигов на читање на овој текст милиони лица умираат од глад. Долгорочно, веганството е и единствен начин за одржливост и опстанок на оваа наша планета.

Поддржувачи

ВегеФест оваа година е поддржан од следните поддржувачи.

„Веганството не е „жртва“. Тоа е задоволство.“

— Gary L. Francione

Архива на изминати фестивали

Започнувајќи од 2014 година оваа веб локација е официјална локација за фестивалот „Вегефест“.

„Секогаш кога пиете чаша млеко или јадете парче сирење, повредувате мајка. Ве молиме станете веган.“


— Gary L. Francione



Контактирајте нѐ !

Користете ја контакт формата за да нѐ исконтактирате за било какво прашање.


Вашата порака е испратена! Ви благодариме!