ВегеФест 2014

Кратки информации од ВегеФест 2014

Програма


Учесници


    " Продавницата за здрава исхрана „Vega";
    „ Ајде да јадеме“ – веган кулинарски блог;
    Биокулт – центар за органска и здрава храна; MAMA’S;
    Juicy&Co ;
    Jontashi здрава храна ;
    Индиски ресторан Peacock;
    Take Away - ресторан за вегетаријанска и веганска храна;
    DM-drogerie markеt Македонија;
    Нет Медикал Диетс (НМД) ;
    Нутри вита;
    LaSoy и LaCha Ароматерапевтска продавница;
    Elea Creta EVOO;
    Моја пекара;
    Деница - здружение за уметност, креативност и култура;
    Мали нешта -Little Things;
    „Danna" - Hand Made Jewelry;
    Конфузија - бижутерија;
    Crafty werebunny;
    M craft's



Фотографии може да погледнете тука

Архива на медиумски објави тука

Инфо

Нека грми ВЕГЕФЕСТ!:)

Драги пријатели, зелената треска повторно напаѓа! И оваа година со огромна радост го најавуваме ВЕГЕФЕСТ, фестивалот што го организираме со цел да го свртиме вниманието кон најобесправените, речиси невидливи битија на овој свет - фармските животни! Секојдневно искористувани, свирепо убивани за храна, мода и профит, лишени од слобода и од можност нормално да живеат според карактеристиките на својот вид, овие сетилни битија во модерното конзумерско општество се сведени на продукти и предмети, безгласни робови на кои им е одземено достоинството, одгледувани и размножувани во ужасни услови, деградирани до болка, со една единствена цел – свирепа непотребна експлоатација. Со ВЕГЕФЕСТ се обраќаме на совеста на сите, повикуваме на сочувствителност, хуманост и разум, повикуваме да му дадете шанса на животниот стил без насилство, почнувајќи од својата исхрана. Со овие мали чекори можеме да направиме големи и значајни промени за подобро на сите: животните, луѓето, екосистемот и планетата земја. Нашиот апел до секој еден е да не биде пасивен конзумент и да го бојкотира и осуди насилството врз животните со тоа што ќе ѝ даде шанса на веге исхраната. Со ВЕГЕФЕСТ не само што покажуваме колку почвата ни дава превкусна и здрава храна во изобилие туку пренесуваме и порака дека е можен поинаков свет, свет што нема да се темели на суровост и безумно насилство, онаков каков што го посакуваме сите, за доброто на сите. Програмата е богата, разновидна, нуди уживање за сечиј вкус – затоа внимателно прочитајте ги сите имиња наведени во информативниот флаер!:)))))))))) Бескрајно им благодариме на сите учесници, наши пријатели, кои без двоумење прифатија да бидат дел од ВЕГЕФЕСТ и нè поддржуваат во заложбата за хуманост кон животните! Особено сме благодарни што овогодишниот ВЕГЕФЕСТ е поддржан и ќе се одржи во најголемиот и најпосетен трговски центар во Република Македонија, Скопје Сити Мол. На 15 и 16 ноември, 2014 год., во Скопје Сити Мол, освен што ќе понудиме добра вибрација, ќе претставиме убедување, заложба и борба за еден похуман и поздрав свет. Благодариме од срце Скопје Сити Мол! :) Секако, нашите добри пријатели La Kaña Bar се повторно со нас. В сабота навечер, 15 ноември 2014 год., нè чека убава хуманитарна журка каде ќе можете да донирате за помош на животите. Да не должиме, Револуција која почнува во твојата чинија – ЗА ПРАВА НА ЖИВОТНИТЕ! Се гледаме на ВЕГЕФЕСТ!